Категории

Господе не знам што носи иднината но сметам на тебе!

Господе, не знам што носи иднината но сметам на тебе.
Не знам што планираш за мене. Не знам што ќе се случи во следните неколку месеци, но сметам на тоа дека ќе ми дадеш сила и храброст за да преживеам низ се. Не знам дали ќе одговориш на моите молитви или ќе ме одведеш низ уште една бура за која не сум подготвен.
Не знам дали ќе ме оставиш да одморам или ќе ме изведеш пред уште еден тест. Се обидувам да издржам се на најдобар и намудар начин. Се обидувам да ги поврзам сите точки и да ја комплетирам целата слика, да ги следам сите знаци кои ми испраќаш но признавам дека сум изморен.
Мојот мозок е изморе, и моето срце. Мојата душа е изморена.
Не знам што носи иднината, но подготвен сум за нештата да се променат.
Подготвен сум за мојот живот конечно да добие смисла. Подготвен сум за мир. Посакувам стабилност.
Знам дека како и да е, ќе бидам добро. Како и да е, јас сметам на тебе. Знам дека ќе ме водиш низ мрачните времиња како и секогаш, но овој пат посакувам од тебе да се случи чудо.
Нешто да ја подигне сета тежина и сите препреки. Сметам на тебе овој пат но на поинаков начин.
Сметам на твојата дарежливост. Сметам на твоите прекрасни изненадувања. Сметам на твојата милост.
Не знам што носи иднината но сакам да биде посветла и подобра од тоа што замислувам.
Не знам што носи иднината но знам дека не постои ништо кое Ти не можеш да го сториш. Не постои ништо кое Ти не можеш да го поправиш.
Ти си единствениот кој може да промени се во само едно трепнување на окото.

Прегледи:
705
Објавено на:
02.11.2020