Терезија
Жената Вага праќа заводнички, но не и вулгарни пораки, додека мажот на свој посебен начин дава до знаење дека ја забележува секоја жена што поминува покрај него. Привлекувањето на вниманието од спротивниот пол е основа за разбирање на говорот на телото на Терезиите. Тие сакаат да им се допаднат на другите, да воспостават телесна комуникација и да ја пробаат својата магија. Мажите се поотворени, додека жените кокетираат и се оддалечени.
Скорпијa
Говорот на телото им е непосреден, а сепак некако таинствен и мистериозен. Начинот на кој се движат и гестикулираат секогаш ја открива нивната моментална состојба на духот. Во тензични ситуации рацете им се прекрстени, усните стиснати, а погледот вперен во непозната насока. Овој знак буквално убава со поглед.
Стрелец
Луѓето родени во овој знак може да бидат необично убави, но изгледот и однесувањето им се животински. Имаат исправено држење, кое зрачи со самодоверба и со безгрижност. Многу Стрелци се протагонисти на љубовта на прв поглед благодарение на нивната неодолива привлечност и животински инстинкти. Кога некој ги привлекува, покажуваат отворена потреба за нивната близина, па дури и на јавно место.
Јарец
Движењата им се војнички, но кога некој им се допаѓа, го менуваат своето однесување во секунда. Во тие ситуации им паѓа концентрацијата, па често бараат да се повторат речениците.
Водолија
Како се чувствуваат, така и се однесуваат, без разлика кој е покрај нив. Сепак, со годините тоа се менува. Мажот станува ладнокрвен, за разлика од младоста, кога е спонтан. Жената е блага и толерантна, за разлика од младоста, кога е бунтовна.
Риби
Динамични и отворени во пристапот со другите се поврзани со неспособноста да останат статични и постојани. Нивната несигурност и потреба за сродна душа ги наведува на комуникација и со непознати. Гестикулацијата не им е претерана, туку симпатична. Кога се расположени, постојано гестикулираат, а кога не се, ги мрзи да го придвижат погледот.
1 2