Категории

Грешки кои најчесто се прават при мерење притисок

Знаете ли дека полната бешика/чувството на полна бешика ги прави луѓето понервозни, и тоа до тој степен што го подигнува артерискиот притисок, па измерената вредност може да биде за 5-10 mmHg повисока од вашиот реален притисок?

Тоа е само една од грешките кои луѓето ги прават кога мерат притисок.

Исто така, луѓето кои се возбудени или под стрес можат да добијат резултатите кои не се реални, бидејќи и тогаш вредноста е повисока во однос на реалната.

За да ја добиете вистинската слика, потребно е притисокот да се мери три пати дневно – наутро, во текот на денот, и навечер, во период од 5 до 7 дена. Секако, препорачливо и најдобро е измерените вредности да ги запишете и потоа резултатите да ги однесете кај вашиот лекар.

Сепак, најчестата грешка што луѓето ја прават е што мерат притисок кога имаат некоја потешкотија, т.е. кога ги мачи некоја здравствена тегоба, а тогаш е сосема нормално притисокот да биде повишен.

 

ПЕТ ПРАВИЛА ЗА ТОЧНО МЕРЕЊЕ ПРИТИСОК

 

Испразнете ја бешиката

Како што рековме, полна бешика може да покаже 5-10 mmHg повисока вредност од реалната. Затоа, прво испразнете ја.

 

Одморете се

Потребно е да се одморите барем 5 минути во фотелја или на друго удобно место на кое планирате да мерите притисок. Немојте да зборувате, немојте да се возбудувате, ниту да одите – сé тоа го крева притисокот.

 

Мерете во правилна и удобна позиција

Седнете на удобен стол/фотелја/софа. Идеално е да има поддршка за рацете, грбот и нозете.

 

Положба на раката и одбирање на соодветната рака

Високо засукајте го ракавот на раката на која ќе мерите притисок. Најдобро е раката да биде поставена и потпрена на ниво на срцето. Првиот пат измерете притисок на двете раце, а во иднина мерете на раката која првиот пат ќе покаже поголема вредност.

 

Бидете мирни, ама внимавајте и на пијалоците

Во текот на мерењето не зборувајте и не мрдајте. На резултатите може да влијае и возбудата, а измерената вредност може да биде и до неколку десетина mmHg повисока од реалната.

 

Исто така, пред мерењето не смеете да пиете кафе или црн чај, бидејќи тоа исто така може да ја зголеми вредноста. Избегнувајте и енергетски пијалоци.

Зошто мерењето е попрецизно кога притисок мерите на лекар?

Се работи за мерачите. Во здравствените установи мерачите на притисок редовно се сервисираат (или барем би требало), и затоа и се попрецизни во работата.

Прегледи:
408
Објавено на:
30.10.2018