Категории

Гризман во Барселона за 100 милиони евра

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман ќе оди во Барселона за 100 милиони евра во следниот преоден рок, објави шпанскиот „Ас“.

Барселона дефинитивно одлучи да ја активира клаузулата за откуп за одличниот француски играч и да создаде фантастично напаѓачко трио Меси – Суарез – Гризман.

Веќе постои договор со Французинот кој со нетрпение чека да се пресели на „Камп Ноу“.

Минатото лето Гризман беше блиску до каталонскиот клуб, но тој одлучи да остане во Атлетико Мадрид уште една година.

Со него во Барселона од следната сезона доаѓа и талентираниот бразилски фудбалер Артур Мело од Гремио.

Прегледи:
480
Категории:
Спорт · Фудбал
Објавено на:
01.03.2018