Категории

Гром удрил во дрво – нашле ќуп со злато

Во ирските легенди, лепраконите ги кријат своите ќупови со злато на крајот на виножитото. Но бидејќи виножитото се гледа само од далеку, локацијата и ќупот со златото секогаш се само илузија.

Кој решил да го скрие својот ќуп на крајот од грмотевица – не знаеме, ама едно семејство од Аранѓеловац во Србија го најде. Во текот на невремето што ноќта на 10-11 август го погоди градот, гром удрил во стариот даб во дворот на Митровиќ.

-Се слушна страшен удар на гром, а потоа и силен тресок во нашиот двор. Громот погодил во дабот, кој има преку сто години. Видовме дека громот го уништил, ама до утрово не го поместував. Излегов со моторна пила и почнав да ги сечам гранките, и тогаш во самиот корен на дрвото видов нешто чудно. Ја растргнав земјата и видов ќуп полн со златници. Кога ги избројавме внатре имаше точно 2000, а вредноста се проценува на 300.000 евра, дури можеби и повеќе. Ќе видиме после проценката“, раскажа Марко Митровиќ за Аранѓеловац Инфо.

Прегледи:
2110
Објавено на:
13.08.2016