Категории

Gucci не враќа во аристократска Англија во новата есенска кампања

gu94_gucci_cruise_pr-cropped_300dpi_7

Откако италијанскиот дизајнер Алесандро Мишел минатата година го превзеде водството на главен дизајнер во модната куќа Gucci, колекциите се многу повеќе од само едноставно претставување на новите парчиња. За снимањето на ланската есенска кампања тој избра цветна градина во Јапонија како главна локација а исто така дел од рекламата беше снимена и низ улиците на Берлин. Оваа година тој се префрли во оживување на духот на аристократска Англија избирајќи го дворецот Chatsworth каде во 16-ти век живееле Војводата и Војводтката од Девоншир.

Кампањата беше снимена позади објективот на фотографот Глин Лучфорд кој толку живописно ги доловува прекрасните цветни градини, аристократскиот мебел и ентериер кој придонесува во комплетирање на целокупната тема на оваа колекција. Брендот склучи три годишен договор со фотографот кој исто така сними и специјално видео.

mtqxnji5mdexmzu5oty2odiy mtqxnji5mdexmzywmdk3odk0 mtqxnji5mdexmzywmdmymzu3 mtqxnji5mdexmzywmdmymzu4 mtqxnji5mdexnji4ndaymjc3 mtqxnji5mdexnji4ndaymjc4 mtqxnji5mdexnji4ndy3ode0 mtqxnji5mdexnji4njy0ndix mtqxnji5mdexnji4njy0ndiy mtqxnji5mdexnji4ntk4odg2 mtqxnji5mdexnji4ntmzmzq5 mtqxnji5mdexnji4ntmzmzuw mtqxnji5mdexnji4nzi5otu3 mtqxnji5mdexnji4nzi5otu4 mtqxnji5mdexnji4nzk1ndkz mtqxnji5mdexodk2odm3nzmz mtqxnji5mdexodk2otazmjy5

Прегледи:
272
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
21.09.2016