Категории

H&M ве води на летна авантура

 

Шведскиот high street бренд H&M, овие денови ги откри клучните парчиња од нивната пролетна колекција посветена на фестивалските денови на најпопуларниот музички настан Coachella. Колекцијата е инспирирана од соодветно опуштениот фестивалски дух и вбројува тематски елементи препознатливи за атмосферата која владее меѓу кои кратки здолништа, транспарентни кошули, искинати фармерки, лелеави фустани, боемски накит и очила за сонце во облик на срце. Нопвата колекција се очекува да биде пуштена во продажба од 23 март низ сите земји во светот. Оваа година, H&M оствари соработка со алтернативниот поп бенд Atomics. Погледнете како изгледа оваа летна авантура преку очите на брендот претставена од страна на веселата атмосфера која ја создадоа моделите.

Прегледи:
280
Објавено на:
19.02.2017