Категории

Хајди Клум во модно издание кое некои го пофалија а некои го осудија за невкус и кич

Долго време, една комбинација облека не предизвикала толку контроверзии. Се очекува моделите секогаш да бидат беспрекорно стилизирани, особено оние кои со години се на врвот на модата.

Нивниот стил често се копира, но и коментира. Така, вистинска бура во јавноста предизвика модното издание на познатата Хајди Клум кога се појави на снимањето на шоуто „Америка има талент“. Моделот носеше ѕвонарки и цвет од тантела со чипка во комбинација со свилен топ и свилена кошула. И панталоните и кошулата се украсени во флорален дезен, а Хајди ги искомбинира крената коса и обетки во форма на цвеќиња со бисери. Целата модна приказна ја заокружи со силна шминка и црвен лак. Носеше црни сандали со отворени прсти.

Додека некои го фалат нејзиниот стајлинг, верувајќи дека знае многу добро да блесне на црвениот тепих и на малите екрани, други рекоа дека на неа едноставно имало премногу од се. Премногу бои, премногу дезени кои не се совпаѓаат, па целиот „изглед“ го оценуваат како премногу агресивен. И додека за овој моден избор може да се дискутира, она што е без контроверзии е фактот дека за една од најголемите sвезди на светските модни писти, времето буквално застана. Таа го прослави својот 48 -ми роденден во јуни, и лесно можеше да оди по пистата рамо до рамо со младите надежи за манекенството.