Категории

Харизма: Или ја имаш или ја немаш!

Понекогаш не можеме да објасниме како некој успеал да не заведе. Но, едноставно сме маѓепсани. Маѓепсани и разоружани. Единствено што можеме е тоа да и го препишеме на харизмата, не размислувајќи што се крие позади неа. Е, токму таа, харизмата има неколку главни, препознатливи состојки- тврди Ронал Ридо- професор по психологија на Колеџот „Клермонт Мекена“.

– Харизмата ја сочинуваат експресивноста, талентот за спонтано учествување во разговор и лесно изразување чувства, контрола, способност суптилно да се вклопите во некое друштво, чувствителност, дарба да ги слушате и разбирате другите луѓе- објаснува професорот.

– Таа произлегува од начинот на кој комуницирате, колку успевате да ги „уловите“ емоциите на другите додека и самите ги искажувате. Харизматичната личност не е како другите. Таа кога ќе започне да комуницира, нејзиниот автономен нервен систем се надразнува. Сето внимание и е насочено кон соговорникот, енергија блеска на сите страни, почнува да зборува брзо, без замолчување.

-А, разговорот без пауза е најхаризматичен, затоа што покажува дека личноста е самоуверена и има цврсти идеји- тврди професорот. Харизмата едноставно блеска на сите страни. Таа се манифестира со симпатични гестови, климање со главата додека другата личност зборува, гледање во очи и разменување на насмевки. -Харизматичната личност покажува сочувство, а тоа на сите им годи. Таа е автентична и не може да се учи, ниту да се копира. Едноставно постои како неоделив дел на нечија личност-објаснува научникот.

Прегледи:
844
Објавено на:
31.03.2019