Категории

Хејли Бодвин за 35-годишнината на Guess

Оваа пролет култниот бренд Guess го слави своето 35-годишно постоење, а водството во најновата кампања повторно го држи нивната добро позната муза – моделот Хејли Болдвин. Капсула колекцијата на еден од најпопуларните американски брендови ја рефлектира американската култура по она по кое е добро позната – класичниот тексас во сите облици и дизајни. Колекцијата насловена како must-have парчиња за оваа пролет е плод на признатиот дизајнер Пол Марсиано, а пред кадарот на Татјана Герусова Хејли позираше заедно со нејзиниот колега Стефано Сала. Својот долгогодишен успех брендот го потпре на иновативните дизајни кои со гордост и успех останаа доследни на својата историја, изјавија од седиштето на Guess.

Прегледи:
686
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
18.04.2017