Популарната Ит девојка и модел во соработка со брендот Public Dеsirе претстави колекција тренди обувки за претстојната сесона.
Моделот кој најчесто го гледаме во друштво на другите популарни ит-девојки од светот на шоу бизнисот и модата, Хејли Болдвин реши да чекори по сопствен пат до славата.
Поранешната девојка на музичарот Џастин Бибер оствари соработка со популарниот бренд и креира сопствена линија на чизми чиј дизајн ги следи актуелните трендови а цените варираат од 49 до 69 долари.
Високи чизми со проѕирни блок потпетици од мрежасти и кадифени материјали се моделите кои можат да се најдат во оваа колекција која е наменета да биде со приступачни цени за поширокиот пазар.