Хит комедија „Чекајќи го министерот“ по барање на публиката повторно ќе се прикажува во неколку градови низ нашата држава.
За месец февруари врќе се закажани термини во Театар Куманово на 25.02 /вторник / со почеток во 19 часот и на 29.02 /сабота / во Центарот за култура во Охрид. Оваа хит комедија се игра и во Србија , а исто така се предвидени гостувања надвор од границите на двете земји.
Главната улога во преставата ја игра мега популарната актерка Лидија Вуќичевиќ, а во преставата игра популарниот Семир Ѓичиќ, но за големо изненадување во овој проект игра и македонскиот актер Сашо Ристовски. Покрај Куманово и Охрид во месец март се предвидени и закажани веќе неколку изведби и во нашата држава и во Србија.