Категории

Хит понуда: Владата на Нов Зеланд ви нуди платен одмор со разговор за работа

Сè што треба да направите за да добиете работа, но и бесплатен одмор на Нов Зеланд, е да прифатите да направите интервју за работа во престолнината на оваа рајска држава, Велингтон.

Преку посебната кампања наречена “Дојди и види го Велингтон”, државата повикува стотина луѓе да дојдат на интервју за исто толку работни места во IT секторот, при што им се платени сите трошоци.

Посетата подразбира четири дена однапред организирани разговори за работа, состаноци, а сите трошоци за пат и сместување се платени – вели компанијата “Wellington regional Economoic Development Agency”, која го спроведува овој неверојатен програм.

Единствено за што кандидатите треба да издвојат пари од џеб е храна, пиење и ноќни излегувања.

Еве што е потребно за да конкурирате за оваа работа:

– Морате да се пријавите на пред 20. март 2017. година

– Вработените од водечките IT компании ќе ги прегледаат пријавите на кандидатите и ќе изберат најдобри

– Патувањето стартува на 8. и трае до 11. мај. Компаниите во тој период на најдобрите компании ќе им понудат работа, по состанокот во Велингтон.

Прегледи:
566
Објавено на:
06.03.2017