Холивудската легенда се појави, за тие што добро ја познаваат историјата на Оскарите, во познат фустан.
86 годишната Рита Морено е една од 12-те луѓе во историјата кои имаат освоено Еми, Греми, Оскар и Тони награди, а мега талентираната актерка, пејачка и танчерка се појави на црвениот килим со истиот фустан во кој го прими Оскарот во 1962 година за West Side Story.
Нејзината ќерка ја откри веста дека нејзината мајка ќе се појави во веќе познато издание. Морено е дел од Нетфликс серијалот, One Day at at Time.Морено има освоено две Еми награди, за појавувањето во The Muppet Show и The Rockford Files, Грми за The Electric Company и Тони за најдобра актерка за The Ritz.
Just learned from Rita Moreno’s daughter that her mom will be wearing the same gown she wore to the #Oscars in 1962 pic.twitter.com/Sf6DdgC7jr
— Rebecca Keegan (@ThatRebecca) March 3, 2018
На Златните глобуси во Јануари, Морено се појави со ко-ѕвездата од Electric Company, Морган Фриман, кога тој ја прими почесната награда на вечерта и имаше драматичен влез возејќи електиричен скутер со ТВ продуцентот и креаторот на One Day, Норман Леар.