Категории

Хороскоп за немажени: Ова се хороскопските знаци кои најдобро ќе се омажат

Многу жени се загрижени за тоа кога ќе се омажат, но верувале или не, и мажите размислуваат на оваа тема. Долго ја проучуваат секоја жена пред да одлучат да стапат во брак со неа.

Овен 

Покрај неа еден просечен маж се чувствува како жена, затоа што таа сѐ може да направи двапати подобро од него. Таа никогаш нема да ви забележи поради тоа – секогаш ќе работи, ќе создава, ќе се надева и ќе ве охрабрува, дури и тогаш кога другите ќе ви кажуваат дека сте мрзлив. Отворена е и искрена и никогаш нема да направи будала од вас. Покрај неа нема потреба да се грижите за непријателите, затоа што тие ќе избегаат од вас кога ќе видат каква личност ве „чува“. Вие сте нејзино богатство. Децата нема никогаш да ги разгали и од мали ќе ги учи како треба да се борат за сопствените цели. Сѐ што ќе побара од вас е да верувате во себе. Само покрај неа и никој друг ќе сфатите што значи да се биде вистински маж.

Бик

Сѐ што прави, прави двапати потемелно од вас. Со неа не постојат пропусти и непредвидени разочарувања. Препуштете ѝ ги сите пари и бидете сигурни исто како да сте ги вложиле во банка, која двојно ќе ги зголеми. Уморни сте и ве боли главата? Препуштете им се на нејзините раце кои ќе ви ги покажат тајните на релаксирачката масажа. И никогаш, никогаш немојте да се сомневате дека ќе ве напушти кога ќе ви биде тешко. Таа е жена која со километри би ве носела ранет низ пустина. Сѐ што ќе побара од вас се подароци, а тоа е ситница, нели? Со оглед на тоа дека таа сепак сѐ прави најдобро. Децата ѝ се емотивно и ментално стабилни, полни со ведрина. А како и не би биле со таква мајка?

Близнаци

Сѐ што мисли, мисли двапати подобро од вас. Со неа за некои работи и не морате да размислувате, едноставно препуштете ѝ се и ќе откриете нови светови. Со неа секој нов ден е како нов живот. Не сте знаеле дека во вас се крие разиграно дете? Е па сега знаете, кога освежени и вечно млади, се прашувате со што сте заслужиле толкава среќа. За неа не постојат баналности и е полна со изненадувања. Уште од мали ги носи децата паралелно во две училишта и тие имаат разновидни интереси.

Рак

Сѐ што чувствува, чувствува двапати поинтензивно од вас. Со неа ќе дознаете што значи да ја имате вистинската жена покрај вас. Со неа ќе имате и комедии, и хорори и драми. Ќе живеете во оазата од илјада и една ноќ, опкружени со најубави јадења. Децата ѝ се нешто свето и најважната работа во животот.

1 2 3

Прегледи:
895
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
22.07.2016