Категории

Хороскоп за немажени: Ова се хороскопските знаци кои најдобро ќе се омажат

Лав

Таа е сѐ што вие не можете ни да се надевате дека ќе бидете. Со неа не сте обичен човек, туку супермен. Ќе ја обожавате, затоа што никогаш нема да мора да направи нешто посебно за да ја сакате и секогаш ќе се прашувате во што се крие нејзината тајна. Сѐ што прави за вас, го прави со целото срце. Кога се лути, се лути најслатко на свет. Кога бара нешто, секоја нејзина желба е ваша заповед. Децата секогаш ќе ѝ бидат најдобри во сѐ, всушност како и нивната мајка.

Девица

Сѐ што знае, знае двапати подобро од вас. И вас ќе ве научи што значи да се знае. Животот ќе ви биде ослободен од илузии и нема да постои ништо повеќе што би можело да ви застане на патот кон успехот. Со неа ќе имате голема кариера. Таа е жена која ќе ве остави да се занимавате со значајни работи, без инсистирање на преголема сентименталност. За неа љубовта е во делата, а не во зборовите. Болни сте? Нема да ви биде потребен лекар, тука е таа и нејзиното длабоко чувство за одговорност. Сѐ што ќе бара од вас е да бидете искрени и вредни, а таа е двапати повеќе од вас. Децата ѝ се добро организирани и обично се најдобри… паметни на мама.

Вага

Таа знае што е  хармонија и го знае тоа двапати подобро од вас. Цврста е како челик кога треба да ги отстрани пречките од вашиот пат и мека како кашмир кога ви треба отпуштање. Вие знаете дека таа дише и за вас, и дека без неа сте половина човек. Обично е убава и грациозна, а умее сѐ околу неа да доведе во хармонија и убавина. Децата ѝ се омилени во друштвото и големи естетичари. Ги учи дека таткото е – Бог.

Шкорпија

Таа не е жена, туку волшебничка, која ве занела уште од првиот момент. Бидете сигурни дека однапред ве познава, понекогаш и подобро од вас самите. Таа би го дала животот за вас, ако ѝ докажете дека сте вредни за тоа. Појдете со неа храбро кон сите искушенија и никогаш немојте да ја предадете. Ќе научите што е посветеност и страст, и ќе ги сакате нејзиното срце, тело и дух. Децата уште од мали ќе ги учи дека се предодредени за големи дела.

1 2 3

Прегледи:
856
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
22.07.2016