Категории

Хороскоп за немажени: Ова се хороскопските знаци кои најдобро ќе се омажат

Стрелец

Можеби вие мислите дека имате среќа, но таа има трипати повеќе среќа од вас. Не морате веќе да играте игри на среќа, бидејќи со неа животот нагло ќе почне да ве опсипува со дарови. Покрај неа другите жени ќе ви изгледаат како префригани мачки. Со неа не добивате само жена, туку и најдобар пријател на светот. Децата ѝ се искрени, полни со оптимизам и верба… баш како мама.

Јарец

Знаете ли пред кого стоите? Бидете сигурни дека наскоро ќе сфатите за каква дама станува збор. Она што на секој просечен маж ќе му го свитка ‘рбетот, оваа дама ќе го изнесе ненаметливо и достоинствено. Сѐ што сака е да покажете карактер и истрајност, а таа ќе ви биде пример за тоа. Како мајка е строга, но праведна. Нејзините деца еден ден ќе владеат со себе и со светот околу нив.

Водолија

Кога ќе ја запознаете, ќе се чувствувате како затвореник кој штотуку излегол на слобода. Немојте да се грижите за ништо. Не ви е потребна научна фантастика – ја имате неа. Сепак, таа не ви припаѓа само вам, туку на сите, а сепак на никој. Ако сте растеле како единец, ќе ви стане незаменлива, како брат или сестра. Децата ја обожаваат. Еден ден некои од нив ќе станат вистински генијалци.

Риби

Таа е жена која е сѐ, а сепак ништо. Сѐ што сакате да имате, но никогаш нема вистински да ја имате. Само најхрабрите ќе можат целосно да ја освојат. Нејзината сестраност и бујна фантазија ќе прават од вас секој ден нов човек. Помогнете ѝ да ги научи децата што е дисциплина и тие од неа ќе наследат многу уметнички дарови.

1 2 3

Прегледи:
857
Категории:
Хороскоп
Објавено на:
22.07.2016