Категории

Хороскоп за Нова Година: Што го очекува вашиот хороскопски знак?

Што му носи Новата година на вашиот хороскопски знак? И каде ќе си поминете најубаво за најлудата ноќ?

Овен

Кога и да се попдготвува некоја прослава, вие сте расположени за голема забава, особено ако сте опкружени со драги луѓе. Ќе имате доволно енергија за прилично голем круг на пријатели, а не е исклучено токму вие да бидете организаторот.

Бик

Ако нешто е константно во вашиот живот, тоа е практичниот дух и индивидуалноста. И затоа празниците со задоволство ќе ги поминете работно, правејќи го она што најмногу го сакате – подготвувајќи многу храна, испробувајќи нови рецепти и смислувајќи романтична вечера, веројатно само за вас и вашата сродна душа.

Близнаци

Вам ѓаволот а ни вашиот дух не ви даваат мир, па ќе најдете начин во услови на пандемија да уживате во некоја журка со голем број луѓе. Уште ако има и нови лица на таа журка, ќе бидете најсреќни.

Рак

Семејство и традиција, тоа е она што ќе ја разубави вашата Нова година. Немате ништо против тоа да ја дочекате во папучи, па ќе ги издржите и старите филмови, само под услов да има одлична храна.

Лав

Речиси е сигурно дека токму вие ќе бидете домаќин на новогодишната забава. Кој би можел подобро од вас да ја испланира журката? Не само што ќе си поминете најубаво, туку и вашите блиски ќе уживаат.

Девица

Не си дозволувајте да се препорите со приремата и детаљите, бидејќи Новата година ќе дојде и ќе пројде, а вие нема да стигнете да уживате во неа. Всушност, најдобро е да ја дочекате на гости, така ќе се позамарате само со тортата која треба да ја однесете.

Вага

Нема да бидете расположени за некоја бучна прослава. Попрво ќе изберете мирна вечер во топлиот дом во друштво на своите најблиски.

Шкорпија

Ако не ја поминете ноќта во „илегала“ со својата најдрага личност, веројатно ќе пронајдете некој отмен ресторан, со покани само за одбрани гости.

Стрелец

Можно е овој убав празник да ве „фати“ на пат, но во секој случај ве чека многу добра енергија, гласна музика и забава.

Јарец

Ништо нема да ви се допадне повеќе од поминувањето на оваа ноќ во домот, со домашна храна и чаша вино. Најважно ќе биде да се присетите на добрите нешта и сѐ лошо да оставите позади себе.

Водолија

Ќе бидете ѕвезда на вечерта, без разлика дали вие сте домаќин на забавата или пак сте гостин. Наоружајте се со својот шарм и духовитост, а добриот провод е загарантиран.

Риби

Подгответе се за ноќ полна со емоции. Во вас ќе се разбудат многу чувства, па затоа астролозите ви порачуваат да бидете умерени во сѐ останато.

Прегледи:
1367
Објавено на:
20.12.2021