Категории

Хороскоп за жени: Кој маж не е за вас, а кој ќе ве сака безусловно

Во овој хороскоп детално ви објаснуваме кои мажи треба да ги избегнувате, а со кои е пожелно да влезете во врска.

Овен

Вие и љубовта: За вас љубовта е страст и возбудување. Сакате да флертувате и речиси секогаш успевате да го освоите она момче што ќе го посакате затоа што не е возможно тој да одолее на вашиот шарм и духовитост. Тој во целост е маѓепсан од вашата желба да го имате и од сето она што сте посготвени да го направите за да му ја докажете вашата љубов.

Проблем за романса: Премногу се потпирате на инстинктите и се обидувате со глава да туркате ѕид, наместо да направите мала пауза и да размислите за се’. Обично зажалувате поради вашата импулсивност, но не паѓате во депресија ако нештата не одат онака како што сте си замислиле.

Вашата сродна душа: Момчињата ловци како што се стрелецот и лавот се најобар плен.

Не се за вас: Сентименталниот рак ги разгорува вашите емоции, но не е за вас.

Бик

Вие и љубовта: Моќниот бик е еден од најромантичните знаци во Зодијакот. Вие сонувате за совршен принц којшто ќе ве држи за рака и постојано ќе ви дава мали подароци. За возврат ќе ви биде задоволство да го разгалите. Вие не играте игри во љубовта, ниту ги сакате оние што играат. Трпението и одлучноста ви допуштаат да го чекате совршеното момче пред да трошите време на некоја безнадежна врска.

Проблем за романса: Понекогаш сте премногу внимателни кога треба да го подарите вашето срце. Мора да се ослободите од вашите стравови и да и’ дадете шанса на љубовта за нешто да започнете.

Вашата сродна душа: Момчињата во знакот риби се привлечни за вашата емотивна страна, но силните скорпии прават срцето да ви чука забрзано.

Не е за вас: Од брборењето нема никакво фајде, а тоа е она што близнаците може да ви го понудат кога станува збор за љубовта.

Близнаци

Вие и љубовта: Вие сте мајстор за флерт и каде и да се појавите зад вас оставате еден куп скршени машки срца. Вие не сакате да повредите никого, но момчињата едноставно се вљубуваат во начинот на кој што се смеете или на кој си играте со косата. Вие уживате да ги играте овие игри се додека не најдете некого покрај кого ќе сакате да се смирите.

Проблем за романса: Потребен ви е простор – и оние што се лепат за вас како пијавици немаат шанси. Не сакате ниту љубоморни мажи, ниту пак мажи што сакаат да ве смират.

Вашата сродна душа: Вас ве привлекува самостојната водолија, но за вас идеален е стрелецот затоа што ќе го сака вашиот авантуристички дух и затоа што е вистински мајстор за флерт, исто како вас!

Не е за вас: Во целост ве привлекува изгледот на јарците, но тие незнаат како да се изборат со вашата независност.

Рак

Вие и љубовта: Иако вашиот знак има клешти, вие во суштина сте доста емотивни. Вам ви е потребен некој што ќе сака да се гали исто како и вас, но во исто време и да ги почитува вашите старомодни стандарди. Важно ви е тој да им се допаѓа на вашите родители, затоа што сепак, за вас е најважно семејството. Вашиот идеален состанок со некое момче е кога ќе останете дома и ќе уживате во некој филм.

Проблем за романса: Емоциите за вас се се’ на светот, и ниту едно момче несмее да го занемари фактот дека вас е мошне лесно да ве повредат. Кога тоа ќе се случи, вие се повлекувате во вашиот оклоп и страдате во тишина, со големо количество чоколада.

Вашата сродна душа: Нежната страна на девицата ќе излезе на површина во ваше присуство.

Не е за вас: Момчето во знакот водолија ќе знае да ви погледне во душата, но нема да биде нежен колку што ви е потребно.

Лав

Вие и љубовта: Кралската лавица сака да биде главна во љубовта. Момчињата помалку се плашат од вашата самоувереност и независност додека да ве запознаат. Вистина е дека моќната кралица на дивината може да стане преплашено маче кога некој ќе и’ го скрши срцето. Длабоко во душата, вие сте маченце што сака само едно момче што ќе биде нејзино. Длабоко сте предадени и тоа го барате и од вашето момче.

Проблем за романса: Понекогаш вашата величествена гордост може да се испречи пред вистинската љубов затоа што ви е тешко да признаете дека сте згрешиле.

Вашата сродна душа: Близнаците и стрелецот нудат возбудување, но покрај еден рак ќе се чувствувате сигурно и сакано.

Не е за вас: Бегајте од критички настроените девици, кои што се плашат од вашата отворена самодоверба.

Девица

Вие и љубовта: Срамежливата девица не од оние што прво љубат а потоа говорат за тоа. Љубовта е приватна работа помеѓу вас и вашиот дневник. Вашиот љубовен стил е прво да го оставите да се прашува, а не да го направите првиот чекор или бесрамно да се фрлите врз некое момче. Вие не сакате да бидете мистериозни. Во суштина вие сте во целост отворени и искрени, штом ќе му дозволите некому да ви се приближи. Меѓутоа, пред тоа да се случи, тој ќе мора да ве импресионира со неговиот ум.

Проблем за романса: Склони сте брзо да ги отпишувате момчињата, дури и по само еден разговор. Ќе бидете и понатаму пријател со нив, но ако не е супер интелегентен и ако не размислува брзо како вас, тој ќе замине во заборав.

Вашата сродна душа: Вие го посакувате сензибилетот на јарецот.

Не е за вас: Вас ве одбиваат луѓето што се мајстори за драма. Може ли да кажеме – лавови?

1 2

Прегледи:
752
Ознаки:
· ·
Објавено на:
30.10.2016