Категории

Хороскоп за жени: Кој маж не е за вас, а кој ќе ве сака до смрт!

Вага
Вие и љубовта: Вашите магични моќи ви дозволуваат да го привлечете баш оној тип на маж што го сакате, а потоа да направите тој безнадежно да се вљуби во вас. Ова не значи дека вие не сте пребирливи. Вашето момче мора да изгледа добро и да се облекува добро исто како вас.
Проблем за романса: Понекогаш сте повеќе вљубени во чувството на вљубеност, отколку во вашата посилна половина. Ова се случува затоа што вие сте идеалист и го гледате само она што сакате да го гледате кај вашето момче.
Вашата сродна душа: Неможете да го игнорирате начинот на кој што овенот влегува во просторијата, но тој не е вистинскиот за вас, затоа што ракот ќе ве обожава како никој друг.
Не е за вас: Водолијата размислува на сличен начин како вас, но не се пронаоѓа во вашата романтична страна.
Скорпија
Вие и љубовта: Скорпијата не се плаши да се бори за љубовта. Штом некој ќе ви падне во очи, вие инстинктивно знаете што да кажете и што да направите за тој да ве посака. Всушност, вие сте толку добри во играта на заведување, така што тој си мисли дека тој ве брка вас. Вие секогаш ги држите конците во вашите раце. Емоциите ги држите заклучени се додека не сте сигурни дека можете да му верувате. А тогаш, тој нема да има можност да запознае поинтензивна љубов од вашата.
Проблем за романса: Вашата љубомора се гледа на километар. Ако ви тргне од рака да ја чувате под клуч љубомората, вашиот сакан никогаш нема да ве напушти.
Вашата сродна душа: Губите памет на риби и ракови.
Не е за вас: Вам ви е потребно многу повеќе време и внимание од она што стрелецот може да ви го даде.
Стрелец
Вие и љубовта: Кога станува збор за љубовта, вие сте опуштени. Момчињата губат разум заради вас, затоа што не ги заморувате и не драматизирате без потреба. Вие сакате личности што сакаат добро да се забавуваат, имаат авантуристички дух и се спонтани. Потребно е да бидат искрени и да го почитуваат тоа што вие ги почитувате нештата какви што се. Длабоко во вашето срце, копнеете за патувања, па често ве привлекуваат момчиња со егзотичен изглед или оние што потекнуваат од некои оддалечени места.
Проблем за романса: Вашето срце без проблем скока од едно до друго момче, поради што често ве следи репутација на срцекршачка. Во суштина, вам може да ви се верува, но момчињата често се несигурни во вашата близина затоа што сте премногу отворени.
Вашата сродна душа: Најдобро е да се држите до некое момче со слободен дух како што се водолиите или близнаците.
Не е за вас: Момчето родено во знакот на рак е премногу чувствително за вас.
Јарец
Вие и љубовта: За вас љубовта е мошне сериозна работа. Нема шанси да го доведете вашето срце во опасност, освен ако не сте сигурни дека чувствата ви се возвратени. Вие сакате да ја испитувате околината, а потоа полека да впловите во некоја врска. Во вашите романси пријателите играат голема улога затоа што често ви доставуваат важни информации.
Проблем за романса: Кога еднаш ќе воспоставите врска со некое момче, вие сте за љубов на долги патеки. За вас раскинувањето е речиси невозможно поради вашата верност и одлучноста врската да успее.
Вашата сродна душа: Бикот и девицата ве разбираат подобро од било кој друг.
Не е за вас: Вашата внимателна природа ги одбива жестоките типови како што се лавот и овенот.
Водолија
Вие и љубовта: Вие сте независни. Најголемата грешка што некој може да ја направи е да ја загрози вашата слобода. Вие не сакате љубовта да управува со целиот ваш живот. Во петок навечер сакате да се гледате со него, но затоа во сабота излегувате со пријателките. Ако тоа не му одговара, тогаш ќе го заборавите. Исто така, потребно е тој да има самодоверба за да разбере дека вашето срце е доволно големо за да ги сака сите.
Проблем за романса: Внимавајте премногу често да не ги одбивате, затоа што момчињата реченицата „Ќе разговараме подоцна“ ја прифаќаат само одреден број пати.
Вашата сродна душа: Момчето родено во знакот девица е добро за вас затоа што и тие сакаат да бидат слободни.
Не е за вас: Лавот кој бара да ја обожавате дури и земјата по која што чекори не е добар за вас иако меѓу вас постои неверојатна хемија.
Риби
Вие и љубовта: Астролошката божица во љубовта е најсреќна кога е вљубена – навистина вљубена. Вие сте романтичар кој што во целост верува во постоењето на сродните души. Всушност вие сте подготвени да ги превртите и небото и земјата за да ја најдете вашата сродна душа. Кога ќе го најдете совршеното момче, ќе бидете подготвени да направите се’ за него, но понекогаш грешите затоа што неговите потреби ги ставате пред сопствените.
Проблем за романса: Вам ви е потребно чувствително момче, некое што ќе ги рабере вашите емоции. Ако не е на иста бранова должина како вас, вие емотивно се затворате и врската тоне во неразбирање и незадоволство.
Вашата сродна душа: Ракот ја чувствува вашата болка и ја дели вашата радост подобро од било кој друг знак.
Не е за вас: Егоцентричниот овен ужива во вашето внимание, но го искористува и вашето нежно срце.

1 2

Прегледи:
682
Ознаки:
·
Објавено на:
23.06.2017