Категории

Хороскопот открива: Кои се најсреќните денови во 2017 година за вашиот знак?

Лав

Многу неочекувани средби, пораки и повици во доцните ноќни часови, кратки патувања и излети во природа се само некои од случувањата што во текот на оваа година ќе го забрзаат чукањето на вашето срце. Ќе наоѓате задоволство во долгите прошетки, читањето, образованието и соработката со блиските пријатели. Оваа година конечно можете да ги усовршите вашите комуникативни вештини и да почнете да учите странски јазик. За да почувствувате вистинска среќа потребно е да бидете активни, да не се плашите од промени и да покажете подготвеност за преземање иницијатива.

Најсреќни периоди

Од 06.07 до 24.07. Меркур ќе владее со вашиот знак и ќе ве поттикне на поголема активност на професионален план, ќе ви пружи можност за поголема заработка и ќе ви ја зголеми самодовербата.

Од 28.08 до 09.09. Ќе привлекувате како магнет. Спротивниот пол ќе сака да биде во ваша близина, а најмногу ќе уживате во друштвото на една посебна личност.

Девица

Во текот на оваа година ќе добиете можност да го победите вашиот перфекционизам. Ако се потрудите околу остварувањето на вашите цели, очекувајте одлична финансиска состојба во есенските месеци. Што се однесува до љубовта, ќе престанете да копнеете по она што го немате и ќе најдете внатрешен мир. Во вториот дел од годината ќе запознаете нова личност која ќе ве воодушеви. Конечно сте подготвени да заборавите на минатото и да тргнете кон нови животни победи.

Најсреќни периоди

Од 13.01 до 31.01. Ќе се опуштите и ќе уживате во друштвото на вашите сакани. Вашиот друштвен живот ќе ви донесе многу возбудливи настани и случувања.

Од 19.09 до 06.10. Сингл Девиците ќе добијат можност за нова љубовна врска. Страста ќе биде посилна од разумот. Немојте да се исплашите од губењето на контролата, туку уживајте!

Вага

Среќата ќе биде вашиот најдобар пријател и верен сојузник во исполнувањето на вашите долгогодишни желби. Бидете упорни, активни и обидете се да ги остварите вашите цели. Ве очекуваат признанија, награди и можности кои не смеете да ги пропуштите. Вашата волшебна насмевка ќе им биде привлечна на сите луѓе кои ќе се најдат во ваша близина. Ќе остварите нови познанства, ќе патувате во странство и ќе започнете нов проект. Возможно е и да стапите во брак, да станете родители или да започнете нова врска. Ве очекува година полна со големи остварувања!

Најсреќни периоди

Од 04.02 до 16.02. Вашата искра ќе биде запалена. Многу ќе се „загреете“ поради една личност која ќе ви ја подигне животната енергија.

Од 14.10 до 06.11. Ќе бидете опкружени со убавини и свесни за сопствената привлечност, со леснотија ќе ги остварувате вашите цели. Ќе бидете сигурни во љубовта на вашиот сакан или сакана.

Скорпија

Ќе се спознаете себеси и ќе решите некои проблеми од минатото. Секогаш кога ќе помислите дека сте изгубиле нешто или сте доживеале пораз, околностите неочекувано ќе се променат и ќе се свртат во ваша корист. Успехот е неизбежен. Конечно ќе ја пронајдете вашата среќа.

Најсреќни периоди

Од 17.10 до 04.11. Меркур ќе владее со вашиот знак и ќе ви овозможи професионален напредок.

Од 09.12 до 31.12. Ќе бидете многу активни а тоа ќе ви донесе нови професионални и љубовни победи.

1 2 3

Прегледи:
719
Ознаки:
Објавено на:
15.02.2017