Категории

Хороскопот открива: Кои се најсреќните денови во 2017 година за вашиот знак?

Стрелец

Животот понекогаш знае да биде тежок, но вашиот вроден оптимизам и волја за живот нема да ви дозволат да потклекнете пред предизвиците. Задоволство ќе пронаоѓате во друштво на пријателите и луѓето со кои делите исти интереси. Ако се вклучите во некоја организација, зближете се со луѓето од кои можете да научите нешто. Некои личности ќе си заминат од вашиот живот и дозволете го тоа. Така ќе направите место за нови можности кои ќе ви обезбедат добивка на сите полиња.

Најсреќни периоди

Од 01.02 до 10.02. Венера и Марс ќе го разгорат вашиот љубовен жар и ќе ве одведат во прегратките на личноста која ќе ве маѓепса со нејзината сила и неверојатна енергија.

Од 01.12 до 24.12. Еден посебен човек ќе го пронајде патот до вашето срце. Ќе доживеете голема среќа во љубовта.

Јарец

За вас среќа претставува остварувањето на целите. Не се занесувате со бајки и илузии, ја гледате реалноста право во очи и задоволство пронаоѓате во професионалните успеси, семејната хармонија и дружбата со неколкуте луѓе во кои имате целосна доверба. Оваа година ќе ја намалите контролата и ќе влезете во некои неизвесни и по малку ризични љубовни и професионални подвизи. Ќе се изненадите самите себе, а она што ќе го постигнете ќе ги надмине сите ваши очекувања.

Најсреќни периоди

Од 01.01 до 27.01. Ова е многу значаен период за вас и вашиот личен напредок. Зближувањето со една личност од вашето минато ќе ве направи многу среќни.

Од 14.12 до 31.12. Ќе бидете многу мирни, силни и храбри во остварувањето на вашите цели. Ќе имате голема поддршка од вашите блиски и луѓето кои веруваат во вас.

Водолија

Честите патувања и новите познанства со луѓето кои живеат подалеку, ќе ви ги прошират хоризонтите и ќе ви покажат дека ништо не е невозможно. Ова е вашата среќна година и затоа треба да го искористите сиот нејзин потенцијал. Соберете храброст да побарате работа во странство, инвестирајте во вашето знаење и дозволете им на луѓето кои се сосема поразлични од вас да влезат во вашиот живот. Ќе сфатите дека среќата не се крие само во материјалните нешта, туку и во духовната промена која ќе ве одведе до вистинската слобода. Истражувајте, учете и преиспитајте ги вашите ставови.

Најсреќни периоди

Од 12.02 до 28.02. За вас само небото е граница. Уверливи сте, самоуверени и многу конкретни во она што сакате да го постигнете. Успехот чука на вашата врата, отворете ја!

Од 01.10 до 17.10. Конечно ќе можете да ги соберете плодовите од сиот труд што некогаш го имате вложено. Прославете го вашиот успех!

Риби

Очекувајте позитивни промени на финансиски план. Вашата интуиција ќе биде изострена што ќе ја зголеми вашата креативност. Занимавајте се со музика, филм, танц, фотографија или некој друг вид уметност за да ја пронајдете вистинската среќа. Ќе доживеете неверојатна трансформација. Во втората половина од годината ќе се ослободите од товарот и конечно ќе можете да земете воздух.

Најсреќни периоди

Од 12.01 до 31.01. Сега ќе можете да се изборите за подобри работни и љубовни позиции. Ќе бидете горди на себе што конечно сте успеале по сите потешкотии.

Од 01.02 до 10.02. Ќе бидете продуктивни, свесни за сопствените вредности и со голема леснотија ќе ги остварувате зацртаните цели. Среќата ќе ве следи и на финансиски план.

извор:кафепауза

1 2 3

Прегледи:
734
Објавено на:
15.02.2017