Лав
Родените во овој знак знаат премногу да се возбудуваат и да се дружат со погрешни луѓе. Лавовите секогаш околу себе имаат голема група луѓе, од кои ретко знаат кои им се вистински пријатели. Тие се лоши слушатели и не знаат да се извинат дури и во оние ситуации во кои е премногу јасно дека направиле одредена грешка.
Девица
Понекогаш е многу тешко да ја запознаете Девицата во нејзиното вистинско светло. Родените во овој знак се плашат дека можат да бидат одбиени и неразбрани, поради што често се затвораат и се кријат зад нивната срамежлива природа. Но, кога ќе се отворат, можат да имаат премногу заштитнички однос и да почнат да го „гушат“ својот партнер или пријател.
Вага
Вагите знаат да се кријат зад маски. Многу е тешко да знаете што навистина чувствуваат. Многу често изгледаат полни со самодоверба, смирени и шармантни, а зад маските ги затскриваат сомнежите за себе и мрзеливоста. Знаат да се претстават во сосема различно светло од она што навистина го носат и чувствуваат во себе.
Скорпија
Скорпиите се тврдоглави. Тие најчесто веруваат единствено во своите потреби и тоа го ставаат над сè останато. Можат да бидат премногу самоуверени околу своите идеи, а тоа понекогаш им предизвикува проблеми. Многу често знаат да се затворат во себе, а таквата карактеристика знае да ги навреди луѓето околу нив. Имаат наклонетост кон контролирање на работите, а тоа кај околината остава впечаток дека сакаат да манипулираат и оти немаат доверба во луѓето.