Стрелец
Една од полошите карактеристики на овој знак е што понекогаш го слушаат само она што им одговара да го слушнат, а тоа доведува до занемарување на останатите луѓе и нивните чувства. Стрелците често знаат да ги прекинуваат луѓето додека разговараат со нив, што кај соговорниците предизвикува чувство на инфериорност и вознемиреност. Родените во овој знак, многу често прават несвесни работи и грешки.
Јарец
Јарците секогаш кријат некој дел од себе од своите пријатели. Многу често го користат молкот како нивно оружје и тие се господари на манипулацијата. Можат да одат до екстремности кога ќе се налутат и кога не им се балансирани емоциите.
Водолија
Во најлошиот случај Водолијата може да биде многу напорна. Тие премногу се обидуваат да ги добијат вашите симпатии, внимание и потврда. Тешко влегуваат во тек со социјалните или друштвените настани и имаат тенденција да ги одбегнуваат без да забележат дека го прават тоа.
Риби
Рибите знаат работите да ги сфатат премногу сериозно и да развиваат екстремни емоции во себеси. Често се однесуваат самоуништувачки и избегнуваат непријатните ситуации и конфликти. Тоа ги доведува во изолација, без притоа да понесат одговорност за своите постапки.