Вага
Вагата е крал на избегнување на судирите и родените во овој знак се подготвени да одат далеку, преправајќи се дека сè е во ред со нивната врска. Но, кога нештата ќе испливаат на површина и повеќе нема да може да ги затвора очите пред проблемите, Вагата избувнува во голема лутина што предизвикува големо изненадување и разочарување кај партнерот.
Скорпија
Големата страст што ја поседуваат родените во овој знак, во одредени ситуации е предност, но во други може да предизвика големи проблеми. Таа страст може да прерасне во агресивност и љубомора. Скорпиите тешко можат да ги разберат неискрените луѓе, иако многу често и тие самите знаат да бидат многу таинствени.
Стрелец
Родените во знакот на Стрелец ветуваат кули и градови кога е во прашање љубовта, но тоа подоцна може да им предизвика големи проблеми. По природа се многу отворени и ќе направат сè да ја остварат својата идеја. Не сакаат обврски и поради тоа често ги напуштаат своите партнери. Постојано се во потрага по авантура и нови предизвици.
Јарец
Јарците се најголемите „сезнајковци“ и со тоа многу брзо можат да го изнервираат својот партнер. Секогаш се подготвени на најлошите сценарија во врската и поради тоа тешко можат да се опуштат.
Водолија
Водолиите се можеби емотивно најмистичните личности и поради тоа е многу тешко да бидат сакани. Во врската им е потребна личност што секогаш ќе биде на нивна страна, а оној момент кога тоа ќе се смени и ќе почувствува дека нема 100 процентна поддршка, Водолијата става крај на врската.
Риби
Рибите влегуваат во врските со огромна доверба кон своите партнери и поради тоа не ги забележуваат сите недостатоци кај нив. Потребна им е личност која секогаш ќе ги истакнува нивните квалитети и ќе избегнува да ги споменува недостатоците. Ако почувствуваат критички поглед, веднаш влегуваат во улога на жртва, а тоа ја уништува нивната врска.
1 2