Категории

Хороскопот и страста: Лавот е театрален, Бикот ќе ви донесе јагоди во кревет

Ѕвездите влијаат на многу аспекти од нашиот живот, па така и на љубовта. Ако сте се запрашале кој хороскопски знак ви одговара или како би било да се забавувате со одредена личност, дознајте што е тој или таа во хороскоп и прочитајте што велат ѕвездите за нив.

Овен

Планетата која владее со Овенот е Марс. Во митологијата оваа планета се сметала за многу моќна и на луѓето кои се родени во знакот Овен им давала голема лична сила. Исто така, луѓето кои се родени како Овни се сметале за доста страсни личности кои лесно се заљубуваат. Тие не ги покажуваат лесно своите емоции, нестрпливи се и имаат потешкотии да траат во пар. Полни се со енергија и објектот на внимание го исполнуваат со оптимизам. Во почетокот на љубовната врска се полни со ентузијазам, но тој жар со тек на време ќе избледи. Личностите кои се родени во знакот Овен ќе ве маѓепсаат со својот шарм во спалната соба и на тој начин ќе се обидат да ве контролираат. Кога е водењето љубов во прашање тие се доста страсни и сакаат да ризикуваат. Често може да се случи да ги „фатите“ во љубовен занес во некој лифт или на некоја журка.

Бик

Личностите родени во знакот Бик се едни од најсензуалните, па затоа и уживаат во водење љубов. Можеби ќе ви делува дека кај нив сѐ се одвива бавно, но тие се вистински мајстори кога е во прашање уметноста на заведувањето. Кога ќе запознаете личност родена во знакот Бик, ќе имате целосно угодување, бидејќи ќе ги примени сите техники на заведување. Тие уживаат да одат на пијачка и да вечераат под ѕвездите. Исто така, сакаат да ја воведат храната и во самиот сексуален чин, така што немојте да се изненадите доколку пронајдете расфрлани чоколада по креветот или јагоди над главата. Ако сте личност која бара стабилност и сигурност кај својот партнер, тогаш размислете за Биковите, бидејќи тие се многу посветени – дури и ако побарате да подмрднат планина за вас, тие ќе го направат тоа. Уживаат во суптилните физички изливи на емоции, како што се држењето за раце.

Близнаци

Близнаците сакаат да се поврзат со некого на интелектуално ниво, и во состојба се со часови да разговараат за сѐ и сешто. Цврсто се држат до своето мислење и не сакаат кога некој ги брза, особено кога се врските во прашање. Можете да уловите Близнаци само ако сте постојано во тек со актуелните случувања и ако сте отворени за нови идеи. Кога е во прашање водењето љубов, тие многу се фокусираат на сензуалните фантазии. Сакаат да го анализираат сексот, па многу лесно ќе истражат што ви се допаѓа, а што не. За нив разновидноста е вистински зачин и сакаат да истражуваат во спалната соба.

Рак

Кај Раковите многу добро е развиено сетилото за допир, така што тие сигурно ќе ве разгалат. Кога ќе донесат одлука, не постои сила што ќе ја промени, па ако се одлучат за вас, ќе ве следат до крајот на светот. Истражувањето на светот заедно со партнерот за нив е вистинско задоволство. Водењето љубов за нив е емоционално врзување, дури и пред да дојде до тоа. Во состојба се да развијат нераскинлива врска со партнерот и ќе направат сѐ за да го задоволат. Доколку изневерувате додека сте во врска со личност родена како Рак, не очекувајте дека ќе ви го прости тоа. Сте ѝ го скршиле срцето и сте ја прекинале врската која ве врзувала.

Лав

Можеби Лавот се наоѓа во толпа луѓе, но доколку е ваш – тој ќе ве гледа само вас. Тој едноставно зрачи со љубов. Уживаат во водењето љубов, но сакаат и многу луксузни работи, како што се екстравагантни хотели, скапи дестинации… Со вашиот Лав често ќе се најдете во хотел со 5 ѕвездички, на најудобната перница која сте ја пробале, додека го пиете најскапиот шампањ. Тие се доста театрални и кога е во прашање водењето љубов. Немојте да се изненадите ако ви предложат да водите љубов во када, бидејќи тоа едноставно го обожаваат.

Девица

Иако однадвор изгледаат ладни и смирени, тие всушност се доста страсни. Иако можеби ќе ви се причини дека ве одмеруваат, тие всушност размислуваат како ќе се грижат за вас. Многумина сакаат кога некој се грижи за нив, но Девиците го прават тоа екстремно. Личностите родени во знакот Девица се перфекционисти и не само што очекуваат, туку и го сакаат најдоброто од сите, па истото се случува и кога е врската во прашање. За сексот, повеќе го прават тоа технички, така што ќе мора да се обидете да ја разбудите страста кај Девицата. И на водењето љубов му пристапуваат со голема сериозност и со планирање, а не им е непознато ниту воведувањето помагала во самиот чин.

Прегледи:
346
Објавено на:
27.05.2017