Категории

Хороскопски знаци кои сами си создаваат проблеми

Некој е роден под среќна ѕвезда, но тоа не може да се каже за следниве три хороскопски знаци…

ДЕВИЦА

Девицата е претерано педантна и опседната со перфекција во секоја смисла. Кога е нервозна или напната се смирува со средување или чистење на домот.

Нема да се смири се додека не биде наместено според нејзина замисла. Проблемот е во тоа што се такви и со животот, се мора да биде организирано и на место. Кога нештата ќе тргнат спротивно од нивните замисли, веднаш ќе почнат да се преиспитуваат зошто се токму нив им се случува. Тешко се соочуваат со било кој проблем, па често знаат од ситница да направат драма.

ВАГА

Вагата не поднесува неправда и на сите начини се труди нештата да ги истера на прав пат.

Но, Вагата неправдата ја гледа насекаде и постојано е во костец со неа.

За неа најголема неправда е стареењето и тоа тешко го поднесува.

Нема никогаш да се помири со тој факт. Ќе оди на третмани и разно разни зафати само за да ја задржи својата младост.

РИБИ

Рибите живеат во свој паралелен свет и ретко кога гледаат на нештата реално.  Кога ќе се најдат во ситуација да се соочени со реалноста делуваат бурно и непресметано. Токму затоа ретко кога ги симнуваат своите розови очила.

За нив светот е онаков каков што го гледаат и не отстапуваат од својата визија.

Затоа кога ќе се најдат пред реален проблем не знаат како да се носат со него. Не ретко подлегнуваат на некој порок за да се соочат со ситуацијата.

Прегледи:
510
Објавено на:
24.02.2016