Има парови кои едноставно се создадени еден за друг, нивната врска е силна, стабилна, нераскинлива. Тие се безусловно сакани и почитувани. Иако на прв поглед изгледаат како чудна комбинација, понекогаш дури и некомпатибилна, бидејќи се премногу различни, тие одлично се вклопуваат.
Девица и Водолија
Девицата е педантна, трпеливо прави план да се зближи и да освои личност која и се допаѓа. Водолијата е духовита, допадлива, омилена во општеството. Иако се работи за необична љубовна комбинација, астролозите истакнуваат дека овие два знака одлично одат заедно! Водолијата е сонувач, додека Девиците се попрактични, па се надополнуваат. Единственото нешто што може да ја наруши нивната идила се проповедите на Девиците. Сакаат да критикуваат, а на Водолијата тоа им е здодевно. Дури и да раскинат, има огромни шанси да се помират, бидејќи меѓу нив владее огромна страст.
Лав и Вага
Лавот е типичен суетен освојувач, но во друштво на Вага целосно го менува расположението! Таа го претвора Лео во пријател и заштитник. Лавот е познат како некој кој е прилично себичен, мисли само на своите потреби и желби, но може да заборави на нив за да ја усреќи Вагата. Единственото нешто што може да ја попречи оваа врска е посесивноста и недовербата што може да ги почувствува Лавот. Ако тоа се случи, тој ќе ја проголта гордоста и ќе побара прошка.