Категории

Хороскопски знаци кои секогаш и се враќаат на старата љубов

Велат дека надежта умира последна и вие страшно верувате во тоа, па кога ќе го видите бившиот или бившата во клуб или продавница, веднаш почнувате со сонувате и да се присетувате на убавите мигови во вашата пропадната врска.

Мислите дека овој пат ќе биде поинаку па и нудите нова шанса на бившата љубов. Ви звучи познато сценарио?
Можеби ќе го препознаете и вашиот хороскопски знак во кој се обележани овие карактеристики, нешто поради носталгија, нешто поради романтика..

РАК и РИБИ
Ако сте роден во еден од овие два хороскопски знаци, морате да признаете дека и дозволувате на носталгијата да владее со вас.
Парфем, тв серија, песна..
Сите овие нешта ве потсетуваат на добрите стари времиња со бившата љубов па заборавате зошто сте раскинале и се обидувате да го обновите она што веќе пропаднало.
Иако е тешко, морате да се потрудите да им одолеете на чувствата кои управуваат со вашиот здрав разум.

БИК и ВАГА
Оние кои се родени во знаците на Бик и Вага исто така не сакаат да ја напуштат својата комфорна зона. Но она што владее со Биковите и Вагите е романтика а не носталгија. Овие знаци силно веруваат дека за вистинската љубов мора да се потрудат па спремни се дури да простат и неверство. Затоа постојано се враќаат на своите бивши.

Прегледи:
848
Објавено на:
04.10.2020