Категории

Хороскопски знаци за кои зборовите „Те Сакам“ не постојат во нивниот речник

Нив нема никогаш да ги слушнете како ги изговараат овие зборови

Јарец
Ладен и арогантен, тоа е првиот впечаток кој го стекнуваме за луѓето родени во овој хороскопски знак. Тие се претставени од страна на другите како непробојни тврдини кои не се допираат и не се освојуваат лесно, но внатре помеѓу своите четири ѕида, тие се во состојба да плачат цела ноќ.
Токму кога ќе помислите дека конечно сте допреле до нивната внатрешност, ќе откриете дека тоа е всушност уште една нова површина а чувствата се наоѓаат некаде многу подлабоко.
Стравот од повреда е она што ги спречува да ги искажуваат своите емоции, па тие одбираат да ги чуваат длабоко во себе.

Лав
Лавот не може да се носи со суетата која го спречува да се отвори и да ја покажи својата ранливост на другите личности, дури и ако ја познаваат таа личност целиот свој живот. Тие никогаш нема да признаат дека се срама, секогаш ќе имате чувство дека знаете многу помалку за нив отколку што тие знаат за вас.
„Ми е жал“ е реченица која исто така нема да ја слушнете од нив, дури и кога се свесни дека направиле грешка, нема да го признаат тоа. Во својата глава тие имаат створено совршена слика за себеси.

Прегледи:
370
Објавено на:
13.12.2019