Категории

ХРАБРИОТ МЕТАЛУРГ ГО ПРЕПОТИ ВАРДАР

Денешната средба меѓу Вардар и Металург уште еднаш покажа дека големото македонско дерби е секогаш непредвидливо и не зависи секогаш само од вредноста и од квалитетот на составите, туку и од моменталната инспирација и од желбата да се победи токму на тој натпревар. Вардар беше голем фаворит, а во натпреварот влезе осоколен, по победите над Киелце и над Р.Н.Левен. Металург. пак, зад себе имаше тежок натпревар против Елверум и долго патување од Норвешка. Но, ако пред средбата на Металург не му предвидуваа ништо друго освен висок пораз, на крајот Вардар се радуваше на тешко извојувана минимална победа, до која дојде користејќи го своето поголемо искуство, заморот на ракометарите на Металург, но и неколкуте во најмала рака чудни судиски одлуки.

И покрај се, Металург беше достоен партнер во текот на целата средба.

Првото полувреме мина во апсолутно рамноправна игра во која двете екипи имаа свои периоди и свои водства, а таков беше и резултатот од овој дел на натпреварот, кој заврши со резултат 15:15.

Металург беше рамноправен и во најголемиот дел од второто полувреме, па во 41. минута се уште водеше со резултат 23:24. Заморот не стигна во 48. минута, кога, при 25:25, Вардар направи решавачка серија од 3:0. Иако подоцна поведе и со пет гола разлика, 31:26, Металург не се предаде и направи се за да му ја загорчи победата на Вардар, кој на крајот сепак славеше со минимални два гола разлика, 31:29.

Се на се, одлична партија на младиот Металург, кој уште еднаш покажа дека има квалитет и перспектива и дека е на добар пат да стане респектабилна екипа која ќе има свое значење во европскиот ракомет.

Вардар – Металург  31:29 (15:15)

Вардар: Милиќ (9 одбрани), Ангелов (2 одбрани), Стоилов, Недановски 1, Поповски, Мораес 5, Македа 4, Деревен 1, Душебаев 2, Кањељас, Циндриќ 4, Чупиќ 1, Дибиров 7, Шишкарев 2, Борозан и Марсениќ 4.   Седмерци: 0/2.    Исклучувања: 8 минути.

Металург: Арсиќ (10 одбрани), Томовски, Дупјачанец, Петров, Дрогришки, Костески, Обрадовиќ 5, Кузмановски 3, Илиќ 6, Печенковски, Талески 8, Велковски 1, Пешевски 1, Палевски 1, Гуглета 4 и Арсеновски.    Седмерци: 4/4.    Исклучувања: 4 минути.

Прегледи:
428
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
22.11.2016