Категории

Храброст понекогаш е уморниот глас кој вели: „Утре ќе се обидам повторно“

Доаѓаат некои такви моменти во животот кога не знаеш што се случува, кога неизвесноста те убива, кога ги бркаш лошите мисли од себе, а тие те будат и со нив заспиваш, кога си ветуваш себеси дека овој пат, доколку биде сѐ во ред, потполно ќе го измениш сето она што одамна знаеш дека треба да го измениш. Кога се трудиш на тебе ништо да не се види но те оддаваат подочниците и притисокот кој лудува.

Се смируваш и чекаш, собираш сила за секое можно сценарио, а милион сценарија во главата. Доаѓаат такви некои моменти и сфаќаш дека не одлучуваш многу, речиси ништо, па единствено ти останува да ја дигнеш главата и да бидеш храбар.

Бидејќи „храброста не ‘ржи секогаш како лав, понекогаш е тоа само уморно гласче кое вели: „Утре ќе се обидам повторно“.

Прегледи:
375
Објавено на:
30.01.2022