Категории

Храна која треба да ја одбегнувате пред да одите на плажа

Пред да одите на плажа, сакате да изгледате топ во вашите бикини. Но, постојат неколку вида на храна кои ќе направат Вашиот стомак да изгледа многу потечено ако ги јадете. Гледајте да ги избегнувате следните јадења пред плажа:

Сол и содиум

Кога јадете храна богата со содиум, задржувате многу повеќе вода, и тоа ќе ве направи а изгледате потечено. Наместо тоа, јадете банани, авокадо, манго или папаја – храна богата со калум, кој е природен деуретик.

Мешункасти и варени зеленчуци

Храна како брокула и зелка е одлична за слабеење на долгорочен план, меѓутоа за краток период го подуваат стомакот поради шеќерот рафиноза кој го содржат.

Мешункастите зеленчуци како леќа, грашок и грав имаат многу протеини, но предизвикуваат премногу гас кој носи до подување на стомакот. Јадете сежи зеленчуци, наместо овие јадења.

Јаболка

Јаболката имаат многу битни хранливи материи, меѓутоа содржат влакна и јаглехидрати кои го подуваат стомакот. Јадете конзервирани овошја во нивните природни сокови или суви овошја.

Мастика за џвакање

Да, добро прочитавте! Џвакањето мастика предизвикува да вдишувате повеќе воздух од колку што ви е потребно, па затоа се подува стомакот. Наместо тоа, грицкајте печени лешници или незасолени семки од сончоглед.

Алкохол

Алкохолот Ве дехидрира, и поради тоа телото задржува непотребни течности. Наместо алкохол, пијте вода или смутиња.

Прегледи:
647
Категории:
Гастрономија
Објавено на:
16.07.2020