Категории

Хуманитарен концерт “Од срце пееме за да ве насмееме”

ООЦК Кисела Вода Ве поканува повторнo да ја покажеме хуманоста преку гостувањe на овоj хуманитарен концерт организиран како склоп на активностите на ЦКА – ПХВ програмата.
Картите ќе се продаваат по цена од 100 денари почнуваjки од 06.03.2017(Понеделник) и истите можат да се резервираат или да се купат пред самиот почеток на концертот. На концертот ќе учествуваат:
Ансамбл Студио Фолклор
КУД Гоце Марковски
Фолклорно Студио Етнос
Либеро Бенд
Дамјан Димески
Марија Спасовска
Бенд при СЕПУГС “Васил Антевски-Дрен”
Оркестар при ДМУБЦ “Илија Николовски-Луј”
Сите собрани парични средства ќе бидат наменети за семејството Димитриевски односно,самохрана мајка со две малолетни ќерки од кои едната боледува од ментален хендикеп и атрофија на мускулите.
За повеќе информации можете да се обратите во порака или на следните телефонски броеви.
Лица за контакт:
Maja – 072 311 014
Ангела – 071 858 518
Александра – 071 206 556
Михаела – 077 500 565

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот крст на Р.Македонија. Истата се имплементира во сите Општински организации на Црвен крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци, потенцијални волонтери во организацијата и 45 дисеминатори кои работаат со младинците.
Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, учат за културата како систем од вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество.
Младите во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во којашто живеат, а при тоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.
Во текот на цилкусот 2016 година обуката ја поминаа 1247 младинци, и беа изработни 192 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа 2687 лица од различни ранливи категории, вложувајќи 28 950 волонтерски часови.

Прегледи:
328
Објавено на:
12.03.2017