Категории

Хумористични совети коишто дефинитивно не треба да ги сфатите сериозно

Давањето совети е често корисно за донесување на важни одлуки или промени во нашиот живот.

Сте слушнале ли за смешни совети? Совети коишто ќе Ве насмеат, а сепак не треба да ги сфатите сериозно. Погледнете неколку од нив:

  • Доколку Вашите деца наеднаш се согласуваат, бидете многу претпазливи.
  • Доколку направите нешто лошо, знајте дека има и друг да ја преземе вината.
  • Во ред е да јадете храна на којашто само малку  ѝ поминал рокот, не би требало да Ви се случи нешто лошо.
  • Скапо е да јадете 3 пати на ден. Станете покасно, така ќе го пропуштите доручекот и ќе заштедите пари.
Прегледи:
374
Објавено на:
15.02.2023