Категории

И кога сите ваши чамци ќе потонат, запомнете дека можете да пливате!

Вашите проблеми нема да ве удават. Затоа што вие сте посилни од нив и помоќни. Многупати сте се бореле со нив и си докажавте дека можете да ги победите и дека ќе биде така како што сте решиле. Може да се удавите само со откажување од вашиот живот. И не можете да си го дозволите тоа, никогаш. Во секој случај, колку и да болешло. Што и да чувствувате, екогаш држете ја главата над водата. И кога сите ваши чамци ќе потонат, запомнете дека можете да пливате. Запомнете ги сите оние за кои сте должни да се борите.

Вашите проблеми нема да ве удават. Не плашете се од нив! Потопете ги сомнежите, стравовите, несигурностите. Прво треба да се ослободите од нив. Потопете го чувство на инфериорност. Недостаток на тие вистински соништа. Губење на вербата во подобро утре. А проблемите се тука како ваши предизвици со кои можете и морате да се соочите. И имате можност да ги покажете вашите вистински сили и да пливате уште поенергично на патот до вашата цел. Само останете над површината и борете се! Докажете си дека можете!

Прегледи:
508
Објавено на:
20.11.2021