Категории

И колку да сте добри лажговци постои едно нешто кое ве издава – Научниците со ново психолошко откритие

Иако многумина ќе речат дека тие навистина не знаат да лажат, ретки се оние што ќе поцрвенат или ќе погледнат настрана додека кажуваат лага и така ќе се откријат.

Неодамнешниот експеримент на холандски истражувачи од универзитетот „Еразмо“ во Ротердам го проучувал влијанието на лагата врз говорот и движењата на телото и покажал дека луѓето се однесуваат повеќе или помалку слично кога не ја кажуваат вистината. И, еден израз е вообичаен за скоро сите кога кажуваат лаги, тврдат научниците.

Кога лажеме, вели оваа студија, честопати несвесно го копираме однесувањето и говорот на телото на лицето што го лажеме, а најмногу ќе го копираме говорот на телото на луѓето блиски до нас. Затоа, се чини, ќе бидеме најнеуспешни во лажењето на нашите партнери во љубовните врски. И за тоа, водачите на ова истражување изјавија за Мирор, има логично објаснување.

„Кога се обидуваме да убедиме некого во нашата приказна, нашиот мозок целосно се фокусира на она што го зборуваме и „заборава“ да го контролира јазикот на телото, па затоа се прибегнува кон имитација што бара помалку когнитивен напор отколку размислување“ – рекоа тие.

Во оваа студија, научниците прво ги снимале волонтерите со камери додека ја зборувале вистината, а потоа ги споредиле снимките со оние на кои испитаниците лажеле. Тие заклучија дека лагата бара значителен когнитивен напор, па затоа на повеќето луѓе им е многу полесно да ја кажат вистината отколку лагата. Ова стана уште поочигледно кога од учесниците во истражувањето беше побарано да се согласат со нивните партнери, и колку беше полоша лагата, стануваше позабележителна имитацијата на изразите на партнерот.

„Овие откритија се во согласност со сознанието дека луѓето под поголемо когнитивно оптоварување се потпираат на автоматизирани процеси на телото, како што е мимикријата“ – рекоа научниците, затоа што лажењето е когнитивно повеќе барано отколку да се каже вистината. Затоа, додадоа тие, имитирањето на јазикот на телото на партнерот може да биде очигледен знак на измама, бидејќи тој се потпира на автоматски процеси кои е потешко да се контролираат свесно – и колку повеќе ја „работиме“ нашата лага во главата, толку повеќе нашето тело автоматски имитира оној што се обидуваме да го измамиме.

Прегледи:
847
Објавено на:
28.01.2021