Категории

Идеален за зима: вкусен мус од костени (РЕЦЕПТ)

Градот мириса на костени, а вие можете да си ги дозволите и дома, во кремаста форма.

Овој пат ви нудиме едноставен рецепт за вкусен мус од костени.

 

Потребно ви е:

  • 300 грама печени костени
  • 5 лажици кафеав шеќер
  • 2 лажици мек путер
  • 1 децилитар топла вода
  • 2 децилитри топло млеко
  • 2 жолчки
  • 2,5 децилитри слатка павлака
  • 2 лажици рум

 

Подготовка:

Изматете ги шеќерот и путерот додека не добиете изедначена смеса. Потоа, истурете го преостанатиот шеќер во посебен сад и додадете ја загреаната вода. Варете околу шест минути додека не добиете карамел сируп.

Измешајте половина од шеќерниот сируп со жолчките, а другата половина истурете ја во млеко. Потоа соединете ги и варете на тивок оган околу три минути.

Направете пире од костените и додајте го румот. Додајте ја смесата од путер, шлаг и измешајте додека убаво не се соединат. Потоа искомбинирајте ги останатите состојки и вашиот мус од костени е подготвен.

Темелно мешајте додека не се формира мазна смеса и оставете убаво да се излади во ладилник.

Послужете го со слатки кифли или бисквити.

Прегледи:
631
Објавено на:
27.01.2020