Категории

Идеални фризури за тенка коса

Проблемот со тенка коса ги мачи многу девојки, а со помош на правилното обликување на косата возможно е да се постигне посакуваната густина. Ви претставуваме четири фризури кои ќе ви ја дадат посакуваната густина на вашата коса.

1. Кркми и долги бранови
Ова е одличен потег да се постигне густина на косата. Кркмите ќе направат илузија на полн волумен а остатокот од косата извиткајте го и ќе постигнете неодолива бујност.

 

2. Неуреден  ‘боб’
Рамната фризура дефинитивно е непријател на тенката коса, а особрно ако имате кратка коса тогаш тоа сигурно ви изгледа како кошмар. За таа цел блавите неуредни бранови и лепршавите слоеви ќе го создадат посакуваниот волумен за вас. Потребно е само да ги извиткате врвовите во спротивни насоки и да поминете со прстите низ нив.

 

 

3. Асиметричен ‘боб’
Асиметричниот ‘боб’ кој нежно се спушта накај рамената самиот по себе дава волумен, а доколку ја извиткате косата ќе добиете дополнителна густина. Оваа фризура е идеална за дамите кои имаат тенка коса. Заоблениот облик ќе даде дојам на густа коса.

4. Долга степенеста фризура
За дамите кои обожаваат долга коса ова е иделаниот избор. Степенастите врвови кои се малку изретчени ќе ја ослободат тежината која ја влече надолу вашата коса и прави таа да изгледа тенка, а доколку сакате да додадете уште повеќе волумен тогаш исфенирајте ја на внатрешната страна.

 

Прегледи:
999
Објавено на:
01.06.2017