Високите температури во лето се навистина тешко издржливи, уште повеќе ако на себе не носите соодветна гардероба во текот на денот кога морате да бидете надвор извршувајќи ги секојдневните обврски или доколку едноставно сакате да се прошетате и уживате во сончевото време.
За таа цел ве советуваме да одбирате облека од лесни материјали како лен, свила, и други лесни материјали кои се пријатни за носење и ја оставаат кожата да дише.
Извадете ги вашите омилени макси или кратки фустани кои во комбинација со рамни сандали се вистински погодок, или навратете се на ретро кул стајлингот со кратки тексас панталони..