Категории

Идеи за лесен летен ручек: Два рецепти кои сигурно ќе сакате да ги приготвите

Искористете ја сезоната на шери доматите и исушете ги на сонце, во фурна или дехидратор. Тие се одличен додаток на многу оброци, а ние ви претставуваме два фантастични и едноставни рецепти.

Focaccia со шери домати

Состојки: 500 г брашно, 20 г свеж квасец, лажичка сол, 2 1∕2 дл млака вода, лажичка шеќер, 100 г пармезан, маслиново масло, рузмаринn, чешне лук, сол, 2 лажици сушени шери домати во масло

Подготовка:

Квасецот помешајте го со лажица брашно, млака вода и шеќер. Осставете покриено на топло место 15 минути. На кваецот додадете му уште брашно, ставете сол и вода и мешајте. Мешајте додека не добиете тесто. Оставете покриено на топло место 45 минути. Исечкајте ги лукот и рузмаринот, па помешајте ги со малку сол, рендан пармезан, сечкани сушени шери домати и маслиново масло. Тестото сукајте го тенко во облик на погача и префрлете го на лим премачкан со масло. Намачкајте го тестото со шери доматит. Оставете покриено на топло уште 10 минути, па потоа 20 минути на 210°c.

Пилешка салата

Состојки: рака рукола, шолја шери домати, 2 големи листови зелена салата, 1/2 мариниран пилешки гради, сол, пипер, две чешниња лук, малку свеж босилек, балсмико, маслиново масло.

Подготовка: 

Пилешкото испечете го на тава или скара па кога ќе се олади, исечкајте го. Месото ставете го на руколата и додадете ги шери доматите и прелијте ги со маслиново масло и балсамико. Украсете со неколку свежи листови босилек.