Категории

Идеи за супер интересни фризури во 2016

Без разлика на должината на нашата коса, секоја дама сака да има интересна фризура.

Денес ви нудиме неколку интересни, а едноставни фризури кои ќе бидат популарни оваа година и кои пред се се релативно лесни за правење.

1. Плетенки

– Плетенка со трака

Растегливата црна трака на овој стил на фризура дава одличен облик. Во овој случај дава романтичен изглед.
Прво ставете ја траката на коса, а потоа исплетете од косата класична и опуштена плетенка и заврзете ја со ластиче. Крајот на плетенката набуткајте го назад во траката и тоа е тоа.

– Висока плетенка со натапиран преден дел

Совршена фризура за сите прилики, одлична е за елегантен но и за опуштен изглед.
Одвојте го предниот дел од косата, почнувајќи од челото и навиткајте го на поголем самолеплив виклер. Потоа тој ист дел од косата малку натапирајте го така да добиете поголем нагиб па спојте го тој дел со останатите прамени коса и врзете ги во коњско опавче. Од опавчето исплетете плетенка. На крајот полека извадете го виклерот и тој дел од косата зацврстете го со помош на шноли за да не се расипе.

idei-za-frizuri-02

2. Пунџи

– Пунџа и шишки

Ако имате шишки, тогаш оваа фризура е едноставна како и сушењето на косата, но ако немате шишки, тогаш ставете екстензија за шишки, изберете таква во бојата на вашата коса и која има триаголна форма и три мали шноли.
Однесете ги шишките во салон каде вашиот фризер ќе ви ги намести и ќе ги исшиша во однос на вашата форма на лице. Пред да ги ставите на глава, натапирајте го коренот и ставете лак за коса. И секако направете наједноставна пунџа.

idei-za-frizuri-03

– Пунџа рибина коска

Станува збор за висока пунџа, односно одлична комбинација од две фризури. Овој тип на фризура најдобро им прилега на дамите кои имаат долга и густа коса.
Исушете ја рамно косата и добро исчешлајте ја. Соберете ја во високо коњско опавче, точно на врвот на главата. Поделете го опавчето на два еднакви дела и еден дел извртете го и закачете го во неуредна пунџа. Преку другиот дел на косата ставете крема или спреј за стилизирање и исплетете класична рибина коска. Заврзете ја на крајот и обвиткајте го делот околу базата на пунџата, така што на секој половина сантиметар закачете по една шнола за да ја држите на место.

idei-za-frizuri-04

3. Коса со аксесоари

– Едноставна црна трака

Елегантен аксесоар за коса кој можевме многу пати да го видиме на моделите во текот на модните ревии е едноставна црна трака. Заврзана околу базата на ниско коњско опавче добива нежна, романтична и опуштена нота.

idei-za-frizuri-05

– Накитена плетенка

Розово златно ланче кое е провлечено низ плетенка просто ни го одзема здивот бидејќи е совршено елегантно и деликатно.
Ова е одличен начин на кој можете да го искористите старото ланче кое не ви е потребно. За да осигурате дека нема да ви клизне низ косата, немојте веднаш да почнете со плетење на плетенката.
Прво поделете ја косата на страна и земете околу 5 сантиметри коса од средината, од предниот дел на главата и заврзете ја во опавче со провидно ластиче. Повлечете го ланчето и неговиот крај преку ластичето за да не испадне. Потоа соберете ги ланчето и опавчето и земете уште еднаш два мали дела од косата и почнете со плетење на француската плетенка.

idei-za-frizuri-06 idei-za-frizuri-glavna

Прегледи:
1504
Објавено на:
04.02.2016