Категории

Илјадници фламингоси го претворија Мумбај во розов град додека луѓето се во карантин

Додека луѓето седат во карантин чекајќи го крајот на коронавирусот, животните „владеат“ со светот. Бевме сведоци на желки во Флорида, лавови во Јужна Африка и сега фламингоси во Мумбај.

Миграцијата на фламингосите оваа година е за 25% поголема од минатата година. Околу 150.000 фламингоси пристигнале во Мумбај поради хранат додека луѓето се затворени.

Главна причина за големиот број на фламингоси е карантинот кој им овозможува на овие птици мир, без нарушување во нивниот обид да ја добијат храната и живеалиштето кое им е потребно.

Прегледи:
779
Објавено на:
30.04.2020