Категории

Илон Маск го откри името на неговото тајно трето дете со Грајмс

Минатиот викенд, Илон Маск најави дека очекуваат трето дете со неговата поранешна партнерка, канадската пејачка Грајмс.

Во 2020 година, парот го прослави раѓањето на нивниот прв син којшто првично беше наречен X Æ A-12, а потоа преименуван во X Æ A-Xii за да се услогласи со законот во Калифорнија.

Момчето се обраќа и на само Х, како што и Маск неодамна го смени името на Твитер.

По нивната разделба, во 2021 тие добија ќерка преку сурогат мајка на којашто ѝ го дадоа името Exa Dark Sideræl или накратко Y.

За третото дете со Грајмс, Маск повторно најави необично име за момчето – Techno Mechanicus.

Познато е дека Илон Маск досега има околу 11 деца од повеќе различни жени.

Прегледи:
195
Објавено на:
11.09.2023