Категории

Има луѓе кои се смеат и во најтешките невремиња – Тие се оние кои вистински го живеат животот!

Постојат луѓе кои успеваат да имаат насмевка на своето лице дури и во најтешките времиња од својот живот – Тие се најголемите среќници кои успеале да ја одгатнат вистинската тајна на живеењето.

Тоа се луѓе кои никој и ништо не може да ги сруши. И колку удари да им задава животот, тие се борци кои никогаш нема да се предадат, чии чекори ќе одекнуваат силно врз земјата и колку таа да се обидува да ги сруши. Луѓе кои се смеат и после сите предавства кои ги доживеале, затоа што на нив гледаат само како на лекции кои ги направиле помудри и повнимателни.

Тоа се луѓе кои не дозволуваат никој и ништо да им ја одземе надежта, затоа што знаат дека таа не може никој нити да им ја даде нити да им ја земе, а тоа е нивното најсилно оружје. Тие луѓе не и припаѓаат на темнината и мрачни мисли, дури и во нацрните денови тие самите по себе се светлина која ништо не може да ја згасне.

Тоа се луѓе кои се смеат и тогаш кога животот не им дава ништо. Тие знаат дека начинот на кој гледаат кон животот и позитивните мисли се многу поскапоцени од сето она кое го добиле.
Тие се смеат дури и кога сите околу нив се жалат и тагуваат, затоа што знаат дека само додека се живи, можат да постигнат се што сонуваат.

Тие луѓе продолжуваат да се смеат и кога се околу нив се распаѓа, затоа што волјата за живот е поважна д проблемите. Тие не гледаат на светот како на нешто кое полека ги уништува, тие гледаат на него како на шанса да направат нешто добро и вредно.
А тие луѓе се оние кои вистински живеат и ја откриле вистинската тајна, сите оние кои не се како нив, се само пепел која дише.

Прегледи:
550
Објавено на:
28.04.2020