Категории

Има нешта посилни од убавината – Важно е да бидете паметни, силни и борбени!

Не лажеа. Во книгите, во филмовите, на телевизија, во модните списанија. Не лажеа а ние им поверувавме..

Каде и да се завртите, сите порачуваат да бидеме поубави, дека можеме да изгледаме подобро ако повеќе се потрудиме, ако носиме вистинска гардероба, добра шминка, повеќе се смееме.. Можеме да бидеме поубави ако промениме нешто тука, нешто таму, само за да го достигнеме оној таканаречен стандард за убавина, доволно за да не бидеме повеќе свои, да не бидеме тоа што сме. Но знаете што? –Заборавете! Немојте да бидете убави. Што и да зборуваат другите за нашиот изглед, не мораме да се менуваме за да бидеме убави на било кој начин.
Што е убавината, само збор. Постојат стотици други нешта кои можеме да ги постигнеме, ако сакаме а немаат врска со убавината.

Бидете диви. Бидете личност со толку слободен дух што никој не ќе може да ја скроти вашата душа. Ризикувајте, отпатувајте на некое егзотично место ако е тоа она што ви треба и што ќе ве направи да се почувствувате убаво, правете се што сметате дека влијае врз вашите чувства.

Бидете паметни. Прочитајте повеќе книги отколку што можеме, напишете книга, бидете љубопитни, истражувајте, откривајте. Не се откажувајте додека не го пронајдете одговорот на сите прашања кои ве интересираат.

Бидете борец. Борете се за луѓето кои немаат глас, за оние кои не можат да слушнат. Борете се силно за она во кое цврсто верувате. Борете се против неправдата, завземете став!

Бидете љубезни. Добрината е квалитет кој во денешниот свет полека се распаѓа. Еден ден добрината и љубезноста ќе бидат потешки да се пронајдат отколку игла во сено. Ако имате добро срце, дарувајте им добрина на оние на кои им е потребна.

Бидете силни, бидете забавни, бидете духовити, верни, луди, спонтани, креативни, вредни, талентирани, бидете се што отсекогаш сте сакале да бидете. Создадете нов стандард за убавина и нека тој биде именуван според вас.

Прегледи:
479
Објавено на:
22.09.2021