Категории

Имајте достоинство – Престанете да се трудите да им се допаднете на луѓе на кои не име гајле за вас

Секој ден потсетувајте се колку енергија трошите обидувајќи се да бидете нешто што не сте. Така ставате маска на лицето, облекувате брендирана облека и си играте некој кој не ви се допаѓа, некој кој не сте вие. Од ден на ден ја подобрувате таа уметност и се подобрувате во имитирањето. И во исто време одите се подалеку од себе. Од таа личност на дното на битието која е секогаш со вас. И тој што најмалку го знаеш и најмалку се дружиш. И тоа си ти.

Колку енергија трошите за додворување, оправдување пред некој за кој воопшто не се грижите. Ви се чини дека му се допаѓате, затоа што ви дал некој измешан знак кој всушност погрешно сте го разбрале. Имајте достоинство и престанете да трчате по некој што бега од вас, да ползите по некој кој ве оттурнува. Почнете да инвестирате повеќе во себе! Препознајте што му треба и што на вашето срце. И бидете повеќе свои! Вака се живее животот во потполност! Не преправајќи се дека сте нешто што не сте.

Прегледи:
614
Објавено на:
13.12.2021