Категории

Имате лош ден? – Еве како веднаш да го подобрите вашето расположение

На сите нам ни се случува да имаме лош ден, но доколку мислите дека единственото решение е да го поминете целиот ден во кревет, никако. Наместо тоа, посветете се на себеси.

Се сеќавате ли на оној стар цртан филм во кој еден лик вели: „Понекогаш не вреди да станеш од креветот“. Многу пати сме биле сведоци на оваа реплика. Новиот ден речиси не ни започнал а се почнало да се одвива како што не треба. Кафето претекло, појадокот изгорел, автомобилот не сакал да запали.
И на сето тоа, пријателот или вашиот партнер ви се јавува дека нема да може да стигне за договорената вечера. Размислувате гласно дали е можно сето тоа да ви се случува токму вам.Не. Не ви се случувам само вам, на сите ни се случува.

Наместо да го продолжите денот со ваквата концепција и да се вовлечете во очај над сопствената судбина, искористете го овој ден да се посветите на самите себеси и својот изглед. Заборавете на сето лошо и дозволете си време за себе да се чувствувате пријатно во своја кожа.

Еве ги нашите предлози:

Музика и тренинг за подобро расположение
Еден од начините да ја исфрлите насобраната негативна енергија е да направите тренинг за слабеење. На пример, пуштете ја омилената музика за да ве мотивира и оттргнете ги мислите. Слушајте музика и пуштете ги сите мисли кои ви задаваат главоболка. Ова е идеална шанса за да направите нешто за себеси. Вежбањето го поттикнува хормонот за среќа а после тоа ќе се чувствувате горди на себеси.

Топла купка за опуштање
Поради многубројните обврски и брзото темпо на жвот кое ни го наметнува секој ден, немате баш често прилика да се опуштите во топла купка и да си дозволите пријатно уживање.
Денес е тој ден кога можете да го направите тоа кое инаку го правите ретко и да се препуштите на секој миг. Има ли подобар начин на опуштање од топла миризлива купка после тренингот кој сте го направиле?

Пилинг на кожата
Следниот чекор кој советуваме да го направите е да си приуштите нега на вашето тело. Направете домашен пилинг. Неколку одлични рецепти како да го подготвите можете да пронајдете тука.

Третман на косата
Сега на ред доаѓа да и пружите нежност на вашата коса. Направете домашна маска за нега на косата од состојки кои ги имате во вашата кујна. Ова се едни од најдобрите домашни рецепти кои можат да ви пружат одлична нега.

Посветете се на вашето лице
И за крај погрижете се добро да го негувате вашето лице. Ставете ги омилените маски и серуми. Чувствувајте се како да сте во beauty салон. Тоа ќе влијае позитивно врз вашата самодоверба и веднаш потоа ќе се чувствувате подобро така што сте се погрижиле да и го обезбедите на вашата кожа сето она кое што и е потребно.

Прегледи:
694
Објавено на:
26.05.2020