Категории

Имате масна кожа? Еве што треба да направите за да се ослободите од маснотијата

Смачено ви е од сјајното лице на фотографиите, или пак од размачканата шминка на крајот од денот? Масната кожа е чест проблем и е неверојатно фрустрирачко справувањето со неа. Спротивставете и се на масната кожа и погрижете се за лицето, спречувајќи го мастењето на овие начини.

Миење на лицето

Имајте распоред во миењето на лицето. Масната кожа се масти пребрзо поради две причини: ја миете кожата премногу често или недоволно често. Пречестото миење на кожата ја суши, предизвикувајќи го вашето тело да надокнади креирајќи уште повеќе маснотија. Додека пак, недоволното миење на лицето предизвикува насобирање на маслото на кожата. Поради тоа, потребно е да пронајдете средина, миејќи го лицето два пати во денот, наутро кога ќе се разбудите и пред легнување.

Користете специјален сапун за миење на лицето

Некои сапуни ја сушат кожата премногу, предизвикувајќи го лицето да создаде уште повеќе маснотии, додека пак други содржат состојки кои го успоруваат овој процес. Пронајдете го вистинскиот сапун – во тврда или течна состојба, без разлика, важно е да е прилагоден за масна кожа. За екстремно масна кожа, можеби треба да размислите за користење на сапун за лице на база на детергент, но ова може да биде премногу грубо за кожата и да ја исуши премногу.

Мијте го лицето со правилна температура на водата

Кога го миете лицето, користете жешка вода. Ова ќе го тргне маслото од вашето лице поефикасно отколку млаката или ладна вода. Жешката вода исто така ги отвора порите, овозможувајќи полесно да се исчистат од маснотиите. Кога ќе звршите со миењето на лицето, испрскајте го со ладна вода. Ова ќе ги затвори порите и ќе ја затегне кожата, заштитувајќи ја од мастење подолг период.

Тргнете ја косата од вашето лице

Вашиот скалп создава масло во косата, како што лицето создава на кожата. Избегнете дополнително масло на лицето, тргајќи ја косата од него. Исто така, некои шампони содржат состојки кои го прават лицето уште помасно. Подобро е да не носите шишки или да ја чувате косата врзана во репче.

Прегледи:
791
Објавено на:
06.02.2018