Категории

Иницијативата На Точак организира протест на 27. ноември против контејнерите на патеките за велосипеди

Утре, со почеток во 17. 30, па сѐ до 19. 00 часот, иницијативата „НаТочак“ организира вонредна Критична маса во знак на протест за несоодветното поставување контејнери на велопатеките и незаинтересираниот однос на Градот по повод ова прашање.

„На што спаднавме?
Да протестираме против поставување на контејнери на велосипедски патеки. Да се бавиме со работи кои мислевме дека не се воопшто прашање, да се бавиме со лекции кои мислевме дека се научени. Се сеќавате како патеките пред 2014-та водеa право во билборди и сите се смеевме? Зошто се враќаме назад цели 5, па и 10 години?
Треба да се бавиме со други работи.
– Да се продолжува патеката по кејот на Вардар на исток и запад и да се ослободи од коли и градби во строгиот центар
– Да се шири мрежата низ градот
– Да се градат велосипедски полигони за сообраќајно образование
– Да има задолжителен велосипедски паркинг во новите станбени објекти.
– Постоечките патеки веќе да се прошируваат и крстосниците да добијат целосно нов мултимодален, не-автоцентричен лик.
– Треба да добиеме автоматизиран систем за изнајмување велосипеди.
– Треба да можеме да ставиме велосипед на држачите на брзиот јавен превоз.
– Треба да има зелен бран за велосипеди и пешаци.
– Треба цел град каде нема велосипедска инфраструктура да се прогласи за Зона 30. -Треба да се одземаат ленти од автомобилите и да се враќа просторот на пешаците, велосипедите, зеленилото…
Треба повизионерски!
А не да се враќаме големи чекори назад со смешни импровизирани решенија!“, велат од иницијативата.

Вонредната критична маса под наслов „Велоград во контејнер“, ќе започне со собира на плоштадот „Македонија“, а ќе заврши пред канцелариите на Град Скопје. Рутата може да ја погледнете ТУКА!

Прегледи:
576
Објавено на:
26.11.2019